Охридското Езеро 26 сантиметри над дозволениот водостој

Нивото на Охридското Езеро и натаму е 26 сантиметри над дозволениот максимален водостој, а на Дојранското Езеро три сантиметри под договорениот максимален водостој, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Споредено со просекот за април, зголемен е водостојот на Вардар кај Јегуновце, Зајчев рид-Скопје, Велес и Демир Капија, како и на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Струмица кај Сушево и  Сатеска кај Ботун.

Под просекот се водостоите на Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и Црна Река кај Новаци.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ