
Охридскиот регионот погоден од невреме
Невреме проследено со електрични празнења, врнежи од град, дожд и ветер попладнево го зафати Охридскиот реон.
За кус период наврна големо количество дожд. Атмосферската вода ги преполни шахтите во градот кои се прелеваа на улиците и тротоарите кои беа под вода.
Во пониските делови од градот поплавени се домови, а предизвикана е и материјална штета. Во невремето искршени се повеќе дрвја, а на терен се екипи на јавното комунално претпријатие кои го расчистуваат просторот.
Невремето траеше околу еден час, а по престанокот на врнежите водата започна да се повлекува од улиците.