
„Охрид SOS“ ја обвини владата дека е директно одговорна за оценките на УНЕСКО
Владата има директна одговорност за негативните случувања во Охридскиот регион изминатите децении, поради кои Комитетот за светско наследство предлага Охрид да биде ставен на листата на загрозени подрачја, за што ќе се одлучува на претстојниот состакон во Баку, обвинува неформалното еколошко движење Охрид SOS. Според екологистите ниту претходната, ниту актуелната влада не ги презела потребните мерки да ги отстрани забелешките кои ги загрозуваат универзалните вредности на Охрид, кој е само едно од триесеттина места во светот заштитени како природно и културно наследство.
Од самиот извештај објавен на страницата на УНЕСКО е очигледно дека по доаѓањето на власт сдсм прекинува дел од проектите на вмро дпмне, што било во насока на исполнување на условите дадени од Реактивната мисија која го посети регионот во април 2017 г., но уште поочигледно е дека УНЕСКО ја обвинува актуелната влада за неисполнување на останатите задолжителни барања што се случило откако сдсм си се раскомотува на власт, бидејќи дуи се веќе одамна раскомотени. УНЕСКО во својот извештај констатира дека двоецот сдсм и дуи нема никаква намера да ја прекине криминалната урбанизација, легализира дивоградби, допушта палење на огромни појаси трска во струшко, дозволува несоодветна и нелегална реконструкција на објекти кои се дел од културното наследство, велат од „Охрид SOS“.
Еклатантен пример за несоодветната грижа за културното наследство се Плаошник каде владата на ВМРО-ДПМНЕ сакаше да гради над дваесет објекти, чиј број, но и катност, токму на барање на УНЕСКО неколкукратно се намали, и секако, несоодветната реконструкција на Алипашинаната џамија во охридската чаршија, каде се гради високо минаре кое ќе ги промени визурите на градот, поради што, меѓу другото, тој е заштитено светско наследство. Градоначалникот Георгиески вели дека е немоќен нешто да направи во случајот со Алипашината џамија, за чија реконструкција има конзерваторско решение, но не и дозвола за градба, бидејќи тој проект е регулиран со договор на нашата и владата на Турција.
Зружението „Совест“ кое води граѓанска, но и правна битка за Алипашината џамија која е споменик на културата заштитен со закон, ја обвини власта дека наспроти јавните ветувања за решение на проблемот, направен е политички договор проектот да биде реализиран што може да има големи последици по градот и соживотот.. За политички дилови на штета на статусот на Охрид во УНЕСКО денеска на прес конференција обвини и опозциската ВМРО-ДПМНЕ, која посочи неколку примери на новоизградени дивоградби во непосредна близина на езерото.
Горан Момироски