Огромно количество бела боја испуштена во реката Брегалница

Голема хаварија се случи на реката Брегалница која е целата побелена почнувајќи од населбата Македонка па се до штипско Ново Село. Граѓаните реагираат на социјалните мрежи и бараат да се најде виновникот за оваа голема еколошка катастрофа.

Додека екипата на Телма се уште беше на терен по течението на река Брегалница на терен излезе и екипата на крим техника од полициската станица Штип кои прават увид и ја сликаат реката.

Здружението на спортски риболовци Брегалница Штип веќе два часа по течението на реката бараат од каде се испушта белата боја, откако биле известени од рибари. Тие бараат на терен да излезат и инспекотите од животна средина.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ