Ограбувачите на банката во Ѓорче Петров го запалиле автомобилот со кој бегале и преку Вардар избегале со пушките и со друга кола

Стигнале до мостот кај стадионот Ѓорче Петров, ја запалиле колата и со пушките и пленот од 8.700 евра избегале преку Вардар и со друг автомобил се упатиле кон селото Крушопек, ова е верзијата на бегството на тројцата разбојници кои вчера претпладне вооружени и маскирани ограбија експозитура на банка во населбата Ѓорче Петров.

МВР соопшти дека 60-годишен скопјанец пријавил дека околу 11 часот, ги видел разбојниците „на висечкиот мост кај стадион „Ѓорче Петров“ и с.Лака, забележал три вооружени лица, а во нивна близина опожарено возило, по што лицата со друго возило се упатиле кон с.Крушопек.“

Изгореното возило е опел вектра, а со истото возило разбојниците бегале по грабежот на банката кога и се заканиле на 26-годишна службеничка од експозитурата. Запалениот опел го изгаснале скопските пожарникари.

Полицијата го истражува грабежот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ