Ограбена екоспозитура на „Халк банка“

Маскирани вооружени разбојници ја ограбиле екоспозитурата на „Халк банка“ на Качанички пат кон Визбегово. Според првичните информации, вооружените лица влегле во банката и им се заканиле на вработените, потоа одзеле непозната сума пари и избегале од местото со автомобилот со кој биле и дојдени пред да го извршат грабежот. Се очекуваат подетални информации од МВР.

По грабежот се огласија и од „Халкбанк АД Скопје“ од каде известија дека нема повредени и дека ситуацијата е ставена под контрола од страна на надлежните институции кои работат на расветлување на случајот. Воедно од таму соопшти дека средствата на клиентите ан банката се осигурени согласно политиките на Банката.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ