Оглас за универзален снабдувач со електрична енергија

Тендерот за избор на универзален снабдувач со електрична енергија ќе трае од денеска до 3 декември, можат да учествуваат 28 домашни лиценцирани фирми во соработка со други компании од тука и од странство а изборот на компанијата која ќе ги снабдува домаќинствата со струја ќе го врши комисија на чело со МАНУ и тоа до крајот на годината. За да се заштити цената на струјата што ја плаќаат граѓаните, ЕЛЕМ ќе има обврска дел од своето производство да му го дава на снабдувачот во период од 5 години. Корекции во цените нема да има а ефтината тарифа на струјата ќе остане во постоечката форма.

Малите фирми како пекари, фризерници, адвокатски канцеларии и други кои досега користеа индустриска цена на струјата, ќе мора да излезат на слободниот пазар а тоа за нив, уверува владата ќе значи помали сметки за струја.

Главните критериуми за да се добие бизнисот со снабдување на струја за домаќинствата се капитал на фирмата од 20 милиони евра, искуство во дејноста, способност за испорака на сметки и понудена цена за своите трошоци. Изборот треба да заврши до крајот на годинава а универзалниот снабдувач да почне со рбаота од 1 март. Во случај тендерот да пропадне, снабдувањето како и досега ќе го врши ЕВН Македонија.

Виолета З. Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ