Официјално: Зидан поднесе оставка на тренерската функција во Реал

Зинедин Зидан поднесе оставка на тренерската функција во Реал Мадрид само пет дена по освојувањето на 13 шампионска титула (трета по ред) во фудбалската Лига на шамиони.

По историскиот подвиг неочекуваната разделба на францускиот стручњак со „кралскиот клуб“ беше објавена и официјално на прес конференција.

„Донесов одлука да не продолжам на тренерското столче на Реал Мадирд. Ова е чуден момент, но потребна е промена за овој тим да продолжи да победува. Потребeн е нов правец, нова методологија и затоа се решив на еден ваков чекор“, изјави Зидан, кој тимот го превзеде од Рафа Бенитез на четвртти јануари 2016 година и додаде:

„Ја донесов оваа одлука бидејќи многу го сакам клубот. Мислам дека во овој момент за сите инволвирани е најдобро да има промена и јас да не бидам на кормилото следната сезона“.

На истата средба со новинарите присуствуваше и првиот човек на Реал Мадрид, Флоренетино Перез, кој не очекувал да се случи вакво нешто и ова е тажен ден за него и клубот.

Зидан е единствениот тренер кој освоил три титули по ред во Лигата на шампиони и засекогаш ќе биде запишан со златни букви во историјата на шпанскиот гигант. Под негово раководство двапати го подигна трофејот на Светското клупско првенство и Супер купот а еднаш беше и национален првак во 2017 година.

Француските медиуми најавуваат дека Зидан без тренерската функција ќе биде само неколку месеци, бидејќи веќе било договорено по завршувањето на Светското првенство во Русија да седне на клупата на „триколорите“.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ