
Официјално никој не преговара за гласовите на Река, пораки се упатуваат преку медиумите
Преку медиумите им испраќаат пораки, но досега никој не се обидел и официјално да побара поддршка за вториот круг од партиите што застанаа за кандидатурата на Блерим Река.Тие, пак, засега остануваат на ставот дека нема да влијаат врз гласачите, иако оставаат и мал простор за договор.
Река освои околу 80 илјади гласа, на кои сега типуваат и двајцата кандидати во вториот изборен круг. Порака до гласачите на Река вчера испрати Стево Пендаровски, велејќи дека, очекува да го поддржат поради неговиот концепт, насочен кон проевропски ориентирана држава. Гордана Сиљановска, пак, не ги бара директно гласовите, но вели дека, доколку биде избрана кон сите етнички заедници во Македонија ќе има еднаков однос.
Сиљановска во Штип веќе имала средба и со членови на иницијативата „Бојкотирам„, на кои се обидела да им објасни дека, од улица не може да се смени ништо и дека, гаранција за демократијата е процедурата низ институциите.Подготвена е да разговара кога и каде сакаат и да одговори на сите нивни дилеми и прашања.
Далиборка Демјанска Цветановска