
Офицерскиот дом во Битола чека на ветената реконструкција
Офицерскиот дом во Битола ја очекува реконструкција ветена во кампањата за локaлните избори. Битолчани кои изминатите години жестоко реагираа затоа што овој архитектонски бисер на битолски Широк Сокака се распаѓа, сега очекуваат новата локалана власт да го врати стариот сјај на објектот.
„Старата власт не направи ништо, но новата зеде обврска“, вели битолчанец
„Многу сакам да се врати стариот сјај, да се изгради. Да, се надеваме, кога нешто се ветува, треба да се исполни“, велат граѓаните.
Градоначалничката Наташа Петровска вели дека парите се веќе обезбедени, обновата на Офицерскиот дом ќе почне од покривната конструкција. Исто така се бараат и други начини на финансирање.
„Обезбедени се 10 милиони денари од централната власт. Не се почнати активностите за објавување на тендер затоа што ја очекуваме градежната дозвола од Министерството за транспорт и врски. Истот така, од буџетот на општина Битола се обезбедни 10 милиони денари“, вели Петровска.
Додека Офицерскиот дом се реставрира, преку дебати во јавноста ќе се определи неговата намена. Според постоечкиот елаборат предвидено е објектот да служи за културни настани, а дел и за комерцијална дејност. Од битолскиот Завод и музеј велат дека важно е да се изнајде начин за самоодржливост на оваа исклучително значајна градба.
„Сметам дека со една добра стратегија сепак може, ако не во целост тогаш делумно да се изнајдат финсисии кои ќе обебздат самооодржливост на објектот, бидејќи само така истиот може да биде во функција во подолг период без да претрпува деградации, кои понатаму заради недостиг на пари не би можело да се санираат“, вели Мери Стојанова, директор на Завод и музеј-Битола.
Овој репрезентативен објект, кој денес е целосно руиниран е изграден во 1911 година и е споменик на културата заштитен со закон. Поранешниот градоначалник Владимир Талески е обвинет за негрижа на Офицерскиот дом во Битола, а судењето е во тек.
Емилија Мисирлиевски