
Одржана првата национална конференција за проектен и ИТИ менаџмент
Одржана првата национална конференција за проектен и ИТИ менаџмент во земјава, на која Макпетрол беше платинест партнер. Структурниот пристап во решавањето на проблемите и потребите со помош на најсовремените технологии, беше една од главните теми на конферецијата . На неа стана збор и за методолошкиот пристап кон водењето на проектите, а Македонија доби огранок од меѓународниот Институт за управување со проекти. Макпетрол Центар Делл, ја промовира новата генерација лаптопи-Делл Латитуде 2 во 1.
„На конференцијата се објаснува зошто е добро методолошки и логично да им се пристапи на проектите. Управувањето со проекти постои во ИТИ секторот откако постои технологијата, комјутерите, комјутерската техника и т.н. А, потоа се обидуваме да го споделиме знаењето меѓу професионалците“, кажа Милан Шмигиќ- директор на Центарот за управување со проекти-Србија
„Овие денови се случи една одлична работа за Македонија со оглед на тоа дека интернационалниот Институт за менаџирање проекти, доживеа овде отворање органок. И со тоа и Македонија е запишана на таа карта на светот за најдобри пракси.Така што е прекрасна прилика , не само овој настан, да продолжи споделувањето на знаењето како пракса“, кажа Мирослав Аничин-претседател на Институтот за менаџирање проекти-Србија.
„Тоа е лаптоп-таблет, 2 во 1 уред, кој што е нешто ново на македонскиот пазар. Ја нуди последната генерација на Интел процесори, нуди Ес Ес Де диск. Генерално е наменет за ИТИ менаџери, за проект менаџери, за луѓе кои што се во движење, бидејќи оваа конфигурација тежи помалку од 2 килограми“, кажа Влатко Аврамовски – Одговорен за маркетинг во Макпетрол Центар – Делл.