
Одредени мерки за претпазливост за возачот на Панделески
Одредени се мерки за претпазливост за возачот на Панделески, кој вчера беше приведен бидејќи и се заканувал на неговата сопруга, и тоа: забрана за приближување, забрана за напуштање на местото на живеење, одземен му е пасошот и тој мора да се јавува редовно во суд.
Телма вчера објави дека негова жртва на изнудата била сопругата на Цветан Панделески од Пелистерка, кој е втор месец во притвор за предметот на СЈО – „Империја“.
Според соопштението на обвинителството, возачот во текот на ноември, упатувал сериозни закани преку телефон на жената, тврдејќи дека има документи, со кои би можел да го извади од притвор нејзиниот сопруг. Но, за да и ги даде документите, барал да му исплати 150 илјади евра, и се заканил дека ако пријави во полиција, ќе постави бомба и дека ќе биде лошо за неа и за нејзините внуци.