
Одредени двојките за четвртфиналето во Купот
Во Фудбалската федерација на Македонија денеска беа одредени двојките за четвртфиналето во Купот на Македонија.
Бранителот на титулата Шкендија за противник ќе ја има Победа, потоа Македонија Ѓорче Петров, која го елиминираше Вардар, повторно на скопско дерби се среќава со Работнички, Академија Пандев го доби најпосакуваниот противник Кораб и во последната двојка ќе играат Силекс и Беласица,
Првите дуели од четвртиналето во Купот се на програмата на седми ноември, додека реваншите се закажани за петти декември.