Одобрено обвинението за уривањето на Космос

Уривањето на Космос се сели во судница. Советот за оценка го потврдил обивнението за „ТНТ“ каде меѓу 7-мината обвинети, на врвот од обвинителната листа се експремиерот Никола Груевски, ексминистерот  Миле Јанкиевски и поранешниот прв човек на Гази Баба Тони Трајковски. Според прифатеното обвинение 16 милиони евра е штетата која ја претрпел инвеститорот Цановски со незаконското уривање на објектот.

„Во текот на рушењето на објектот Космос кое започнало на 01.08.2011 г., откако обвинетиот Н.Г. не бил задоволен со динамиката на уривање на објектот во првите два дена, веднаш на 02.08.2011 г. побарал од обвинетиот М.Ј. во најкраток можен рок да се сруши објектот Космос со експлозив, па обвинетиот М.Ј. за да го исполни неговото барање со умисла го поттикнал Т.Т. да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“.

СЈО ќе ја докажува вината на обвинетите и со прислушкуваните разговори откако апелација ја смени одлуката на крививичниот суд и дозволи да се користат бомбите како доказ. Дел од јавноста веке ги слушна.

Во наредниот период ке се закаже и првото рочиште за „ТНТ“. Со тоа се згусна и распоредот на предмети на СЈО кои влегоа во судење. Следната недела Груевкси и Јанакиевски заедно со уште 12 обвинети треба да дојдат во судот и за Шамарите во Центар, „Труст“ за Кочан и „Триста“ за наавката на 300 поскапи автомобили за МВР. Во понеделник во ист термин со Груевски закажано е ист судењето на  премиерот Заев за предметот „Поткуп“. Дали ке се сретнат  е неизвесно бидејки на агендата на премиерот за понеделник е средба со еврокомесарот Хан и официјална посета на Србија.

Битката околу доказите во „Поткуп“ се префрли и во Апелација. На 27-ми ноември е закажана јавна седнца по жалбата на адвокатите на Заев кои бараа протечените снимки од посебните истражни мерки од градоначалничкиот кабинет на Заев  да не се користат како докази откако Кривичен одби да ги издвои .

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ