Одобрена екстрадицијата на Грујевсји и Бошковски, адвокатите поднесуваат жалби

Првиот чекор е направен, солунскиот Апелационен суд ја одобри екстрадицијата на поранешните началници во 5-тата управа на УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски. Обвинетите за Тврдина-таргет и за масовното нелегално прислушување ја слушнаа одлуката дека треба да бидат испорачани во татковината за да се соочат со обвиненијата, но и тие и нивните адвокати одлучиле да поднесат жалба до Врховниот суд и да бараат поништување на одлуката за екстрадиција.

Нивниот грчки адвокат бара Врховниот суд да ги ослободи Грујевски и Бошкоски и во Грција да им се суди за македонските обвиненија.

Адвокатот не прецизира од кого и од што им се заканува опасност на двајцата контра-разузнавачи. Иако обвинети, избегани и притворени во странство, на Грујевски и на Бошкоски и натаму им мирува работното место во МВР, затоа што така побарале пред бегството од притвор.

Иако барале мирување на работното место, по апсењето во Солун, двајцата поднесле и друго барање- за политички азил кое допрва ќе им се разгледува.

Грујевски и Бошкоски се поранешни началник и заменик началник на Одделот за оперативна техника во УБК (познат и како 5-та Управа) каде се системите за следење на комуникации.

Двајцата се обвинети од СЈО за злоупотреба при масовното нелегално прислушување. Во случајот Тврдина –Таргет, двајцата се обвинети за уништување на опремата за следење на комуникации со која е извршено нелегалното прислушување на околу 20 илјади телефонски броеви.

По определување на притворот на крајот на јули двајцата избегаа од Македонија, а потоа во октомври беа фатени со лажни бугарски пасоши на солунскиот аеродром. Оттогаш им трае екстрадицијата.

Во меѓувреме, Грујевски беше осуден првостепено на година и половина затвор за уништување на документи поврзани со нелегалното прислушување, односно во случајот Тврдина 2.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ