„Одлучен удар“  е најголемата воена вежба изведена на полигонот Криволак

Македонски, американски, бугарски и албански армиски специјалци еден месец рамо до рамо ќе се борат и ќе извршуваат задачи во сложени сценарија однапред подготвени за нив на армискиот полигон „Криволак“ во рамките на воената вежба „Одлучен удар“.

Ова е досега најголема вежба изведена на овој полигон и во регионот и на неа ќе учествуваат вкупно 2.700 војници од пет држави членки на Алијансата. Македонската и американската армија ќе учествуваат со по 1.300 војници од повеќе родови а вклучени ќе бидат пешадиските сили, артилеријата и авијацијата.

Два батаљони на  56 „страјкер“ бригада на националната гарда на Пенсилванија за прв пат ќе вежбаат на Криволак.

За министерката Радмила Шеќеринска вежбата „Одлучен удар“ е потврда на довербата која што Алијансата ја има во нашата држава и нашата армија.

Планирањето на вежбата траело повеќе од една година, замислени се над 90 задачи кои ќе треба да се извршат а ќе има и 13 тактички вежби на кои што ќе се врши гаѓање со боева муниција.

Целта на вежбата е да се подгине нивото на подговтеност на армиите а со самото тоа и безбедноста на целиот регион и да се развиое интероперабилноста на петте сојузничаи армии во НАТО.

Во текот на вежбата, дел од опремата која ќе се користи ќе биде претставена на граѓаните во осум града од државата.

Министерката Шеќеринска истакна дека е задоволна од темпото со кое оди ратификацијата на протоколот кај земјите членки на алијансата.

Претставниците на американската армија истакнаа дека армискиот полигон Криволак е битен капацитет кој Македонија ќе го донесе во НАТО бидејќи е единствен полигон каде може да се врши обука и да се изведуваат вежби на ниво на батаљони и во нив да учествуваат илјадници војници.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ