Одложено рочиштето за случајот „Насилство во Центар“

Судското рочиште за седмообвинетиот Димче Крстев во случајот „Насилство во Општина Центар“, кој претходно беше раздвоен од постапката, денеска е одложено за 5 март.

Причина за одложувањето е тоа што се уште не е готово вештачењето што го побара судот.

Крстев нема адвокат, а на последното рочиште се изјасни за невин.

Во случајот „Насилство во Центар” обвинети се 14 лица, меѓу нив и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

На претходните рочишта, вината за случувањата пред Општина Центар вo јуни 2013 година, ја признаа четвртиот обвинет, Томислав Лазаров и петтиот обвинет Јордан Ристевски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ