
Одложено рочиште за „Титаник“- се бара изземање на судиите
Денешното рочиште за предметот „Титаник“ се одложи, бидејќи адвокатите побараа изземање на судиите од предметот. Сега ова барање ќе патува до Апелција.
Адвокатот Еленко Миланов своето барање за изземање на судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев го темели на изјавата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дека дел од судиите биле прислушувани или ги имало во „бомбите“. Вакви барања предходно беа поднесени и за предметите „Тенк“ и „ТНТ“, за „Тенк“ судот веднаш го одби, а за „ТНТ“ се чека одговор од Апелација.
Сите 21 обвинет меѓу кои и поранешните функционери Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, дојдоа на денешното рочиште.
Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на избирачите, поткуп на гласачи при изборите во 2012 година.