Одложено првото судско рочиште за убиството на Пино Секондо

Откако рочиштето за судењето за убиството на Пино Секондо беше одложено по барање на одбраната на обвинетата Ангела Ѓорѓиевска, мајката на Пино, Маја Трпковска со ироничен аплауз револтирано ја напушти судницата и изјави дека останала без верба во судската правда за нејзиниот син.

Трпковска денеска седна во иста судница со обвинетата која се товари дека помогнала во убиството.

Адвокатот на Ѓорѓиевска во судницата приговараше дека поканата за судењето ја добил пред четири дена и немал време да ја спреми одбраната, а законот предвидувал рочиштето да се закаже осум дена по приемот на поканата.

Обвинителката Лидија Раичевиќ оцени дека одбраната имала доволно време да се подготви.

Пино беше пријавен за исчезнат во декември минатата година, а неговото тело беше пронајдено по пет месеци. Обвинет за убиството е Али Фуркан кој е во бегство.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ