Одложена оценката на обвинението за упадот во собранието на 27-ми Април

Се одложи оценката на обвинението за организаторите на упадот во Собранието од 27-ми Април, 2017-та година.

Ова го побарале адвокатите на обвинетите, затоа што претходно на дел од нив не им бил дозволен увид во доказите.

Тие бараа и целата седница да биде отворена за јавноста, но судот одлучи дека разгледувањето сепак ќе се одвива зад затворени врати без присуство на медиумите.

Адвокатите ја истакнаа досегашната пракса како со предметот Пуч, каде што јавноста беше присутна на оценката на обвинението, но сепак тричлениот судски совет останал на својот став.

Од кривичниот суд нема јасно објаснување според кој член од законот е донесена одлуката за исклучување на јавноста од оценката на обвиненијата.

Инаку за организатори на инцидентите се обвинети Никола Груевски, Трајко Велјановски, Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Владимир Атанасовски и Никола Бошковски.

Груевски и Бошковски се во бегство и нив засега нема да им се суди во отсуство.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ