Одгледувачите на овци работат без профит

Колку поголемо стадо имаат, толку поголеми загуби трпат одгледувачите на овци. Десетина години тие не регистрирале профит од оваа дејност. Затоа и ја намалуваат стоката.Во просек во зависнот од регионот на годишно ниво нивната загубата се движи од 15 до 20 евра по грло на овца.

Од Созјуот на одгледувачи на овци, велат дека државата има одлични услови за развој на оваа дејнот, со голем број на неискористени пасишта. Но немањето на стратегија на државата по распадот на поранешна Југославија доведе бројката на грла овци за три децениии да се намали за неколку пати.

Македонското јагно е прочуено во светот, дејноста мора да се врати. Најпрвин треба да се започне со покривање на загубите на сточарите. За тоа постои законска можност, но досега надлежното министерство не ја зело во предвид, велат од сојузот.

Колку за споредба за време на поранешна Југославија во Македонија имаше регистрирано 2 милиони овци, сега се околу 500 000. Во тоа време се породаваа 1 милион јагниња, а годинава од Македонските сточари се откупија 100 000 грла.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ