Македонија Одењето во затвор на бизнисменот Сеат Кочан игра на нерви
Бизнисменот и правосилно осуден во предметот на СЈО, „Труст“ – Сеат Кочан може да здивне во својата болничка соба и непречено да продолжи со лекувањето, бидејќи е потребно време судот да одлучи по неговото најново барање за одлагање на решението за издржување за затворската казна во затворот Идризово.
Судот прво мора да ја побара, провери медицинската документација а потоа да оцени дали ќе одлучува или ќе го отфрли барањето на Кочан.
„До надлежниот судија за извршување санкции доставено е ново барање за одлагање на издржувањето на казната затвор по кое барање судот веднаш се обрати до приватната клиника каде е хоспитализиран осудениот за добивање на целокупната документација поврзана со барањето.“
Кочан да остане на слобода според тврдењата на правниците не смеел да поднесе исто барање за одлагање на издржувањето на затворската казна по основ на неговата влошена здрваствена состојба, бидејќи еднаш побарал и бил одбиен за таа причина. Што ќе испрати приватната болница до судијата надлежниот судија дополнително ќе одлучи дали барањето ќе биде разгледано и по истото ќе се одлучува или истото ќе биде отфрлено.
За да ја замени болничката соба со затворска, на Кочан треба да му биде одбиено и последното барање за одлагање на извршувањето на казната, а МВР да добие наредба за спроведување.
Дали полицајците ќе го поминат прагот на неговата болничка соба или тој самиот ќе го испочитува рокот во решението и ќе се јави во Идризово ќе се знае по одлуката на судијата за извршуваање санкции кој постпаува по најновото барање на Кочан.
Неговата пресуда стана правосилна откако Апелација ја потврди затворската казна за бизнисменот Сеад Кочан, обвинет во случајот „Труст“.
По, жалбата Кочан, наместо 6 години доби намалена од 4 години и 8 месеци.
Павле Беловски



