Одекнаа 25 бомби на денешното рочише за „Монструм“

Неколку години ги чекаа, неколку часа ги слушаа. 25-те нови аудио бомби за „Монструм“ одекнаа на третиот кат од Кривичниот суд. Се слушнаа гласовите на поранешните владини функционери Груевски, Јакуловска, Јанакиевски, Блерим Беџети, Муса Џафери, полициски функционери, Мијалков, Љупчо Тодоровски, Чавков, бизнисменот Камчев, новинарите Оливера Трајковска, Драган Павловиќ Латас.

За овие четири часа како што видовте и вие, не знам дали имаше таков бум затоа што нешто суштинско нема во бомбите, рече адвокатката на родителите на убиените момчиња на крајот од рочиштето.

Одбраната ќе коментира откако ќе ги види сите нови докази што ги предлага СЈО.

Обивнителката Фетаи побара трпение од новинарите, својот заклучок за новите доказиќе го даде во завршен збор

Во еден разговорите од 2013 екс директот на БЈБ Тодоровски го п екс директорот на УБК Мијаков како да му изврши притисок врз Беџети бидејки не сакал да го потипиште барањето за екстрадиција на провобвинетите Демири и Исмаиловиќ. Во друг разговор Јанкуловска го убедува Беџети да ја спрати екстрадиција за Косово. Пријателски му вели дека го разбира дека калкулира со изборите, но дека во моментот е битно да се испрати барањето а потоа со датумот за екстрадиција може да се калкулира а тој и одговара да не се закажуваат рочишта до избори и ветува дека наредниот ден ќе го пушти документот за Приштина.

25-те бомби почнуваат од 13 април 2012 ден по 5 кратното убиство. Во една од бомбите Јанакиевски споменува дека рибарот бил убиен затоа што бил сведок, но други детали не споменува. Во други пак соворници се и секретатрката и гатачката на Груевски, но и мајката на експремиерот со нејзиниот внук Влатко Мијалков.

Но во новиот доказен материјал што СЈО го доби од тогашната опозицијата освен овие аудио снимки има над 133 илајди пораки, транскрипти од разговори и други докази кои треба да се селектираат, што е битно за предметот а што не, рече Фетаи. Во спротивно ако се изведуваат сите потребни ќе ни бидат 5 години, оцени обвинителката која го сподели своето искуство дека две години ги прегледувала сите овие докази.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ