Одбраната на Сашо Мијалков поднесе барање до Кривичниот суд за укинување на мерката домашен притвор

Одбратана на Сашо Мијалков поднесе барање до Кривичниот суд за укинување на мерката домашен притвор, бидејќи според нив предметот „Империја“ го води неовластен обвинител.

Адвокатите на Мијалков во барањето се повикуваат на правното мислење на Врховниот суд, кој во средата утврди дека СЈО не смее да отвора истраги и да подигнува обвинувања по истекот на 18-те месеци од преземањето на „бомбите“.

Не е исклучено во текот на денот да има слично вакво барање за Орце Камлчев и другите осомничени во предметот на СЈО „Империја“ кои се во домашен притвор.

Денеска е поднесена и жалба до Апелација од страна на адвокатите за Мијалков за редовното продолжување на притворот.

Истрагата „Империја“ е против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Во домашен притвор се Јордан Камчев, Цветан Панделевски, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ