Одбраната побара изземање на Судечкиот совет и за случајот „Тенк“

Во Кривичниот суд денеска требаше да почне рочишето за предметот на СЈО „Тенк“, но по барање на адвокатот на поранешниот премиер Никола Груевски за изземање на Судечкиот совет, судот даде еден час пауза.

Барањето, како што образложија адвокатите, е поради тоа што специјалната обвинителка Катица Јанева дала изјава на национална телевизија дека има судии кои постапуваат по предмети на СЈО, а биле прислушувани.

Адвокатот побара и изземање на претседателот и замениците претседатели на Кривичниот и Апелацискиот суд.

На рочиштето, се појавија Груевски, Јанкулоска и Поповски, тројцата обвинети за набавката на луксузниот „Мерцедес“ од 600.000 евра.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ