
Одбраната на Мијалков ќе поднесе барање за укинување на домашниот притвор
Одбраната на Мијалков ќе поднесе барање за укинување на куќниот притвор, по мислењето на Врховниот суд дека СЈО нема да смее да води истраги и обвиненија, бидејќи рокот од 18 месеци за кои беше формирано истекол уште во јуни.
Мијалков е во куќен притвор за случајот „Империја“, за кој се уште се води истрага, но според вчерашното мислење на врховните судии, можно е во вода да падне најголемата истрага за за финансиски криминал.
Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека не сака од позиција на министер да ја коментира вчерашната одлука на Врховниот суд. Смета дека врховниот суд може да носи начелни правни мислења кога има различна судска пракса при примена на одреден закон. Во овој случај, такво нешто нема, а по предметите на СЈО суди само еден суд, тоа е Кривичниот, и нема различни судови, смета таа. Засега не е јасно кој институција формално би можела да ја оспори одлуката на Врховниот суд.