
Обвинителството излезе со нов клучен доказ за обидот за убиство на Села
Од моментот како пратеникот Зијадин Села го извлекуваат од аголот каде што се сите пратеници до неговото крвничко претепување на средина во прес салата во Собрнаието. Овие клучни моменти од крвавиот напад на Села што ги немаше на другите снимки, можеа да се видат на необјавена снимка на денешното рочиште. Села е легнат со лицето кон подот а околу него група од луге го удираат со нозе и со други предмети што им доаѓаат и скокаат врз него. Меѓу нив судијата забележа и дел од обвинетите но имаше и многу други кои удираат, но не се на обвинителна клупа. Околу телото на Села кое не дава знаци на живот, беше и напагачот на Шекеринска Панче Ангелов кој доби 4 години затвор за насилство но казната му беше намалена затоа што беше опфатен со амнестијата.
Обвинителот Дарко Јакимовски рече дека по новата снимка ќе го анализира предметот и можно е да направи измени во описот нат обвинението. Дали ќе прави нова истрага или ќе прави преквлификации не откри, но не негира дека ќе продолжи да ги открива и другите кои досега во обвинението биле пишани како НН лица. Според адвокатот на Села оваа снимка е последната коцка од мозаикот на ова обвинение за убиство во обид.
Снимката од минута и пол се гледаше и се анализираше неколку часа. Адвокатите бараа во записникот да влезат и дополнителни објаснувања за кои сметаат дека се во корист на нивните клинети или пак не се согласуваа со она што беше запишано за нивните клиенти. Обвинителот им порача дека своите видувања на снимката можат да ги кажат во завршен збор. Судијката констатираше дека пред да биде Села извлечен од заштитената зона, дел од гневната толпа извикува „дај го ваму“ и „скрши го“ за Села кон Александар Јаневски Тошта, кој стои пред пратениците. Неговиот адвокат Бојан Ваневски реагираше дека Тошта не го повлекол Села, туку дека спречувал. Судењето продложува на 6-ти јуни.
Елена Ивановска Мукоска