Одбојкарите стартуваа со триумф над Косово во „Сребрената“ Евролига

Македонската одбојкарска репрезентација стартуваше со триумф во Сребрената Евролига. На гостувањето во Урошевац го совлада Косово со 3:1 во првото коло од А групата.

Откако го загуби првиот сет со 25:20 нашиот национален тим без поголеми проблеми ги освои наредните три со 25:16, 25:17 и 25:14.

По три дена на 23 мај, Македонија повторно ќе игра на гостински терен кај Летонија, која вчера во првото коло славеше над Австрија со 3:1.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ