Вратен на доработка предлогот на ВМРО – ДПМНЕ за анкетна за СЈО

Предлог барањето за формирање на анкетна комисија во собранието за СЈО им е вратено на подносителите поради наводни недостатоци, изјави денеска пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ Антонио Милошоски.

  • Наводно, заради одредени недостатоци, ги видовме сите оние нешта кои што тој ги споменал како недостатоци и нема ниту еден деловнички, пропуштен, суштински дел од предлог одлуката кој што може да се смета за сериозен недостаток. Напротив, предлог одлуката за формирање на анкетна комисија по содржина и структура е иста со предлог одлуката за анкетна комисија која што господинот Талат Џафери во претходниот состав ја поднесе за формирање анкетна комисија за прислушкувањето. Нема никаква разлика.
  • Она што нам ни е информација од собраниските служби и од самиот ракопис на овој предлог за враќање на одлуката за формирање на анкетна комисија е дека ова не е ракописот на Талат Џафери. Ова е ракописот на Цветанка Иванова, Генерален секретар на Собранието или на некој близок советник на СДСМ кој што Талат Џафери морал да го послуша и да го потпише и да го врати предлогот за формирање на анкетна комисија затоа што очигледно и Талат Џафери  е седнат во скутот на владејачката партија, рече Милошоски.

Тој посочи дека во финансиските извештаи за СЈО нема прецизни ставки за трошоци и дека ВМРО – ДПМНЕ има сознанија за злоупотреби при јавни набавки.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ