
Одбележани 17 години од Рамковниот договор – Хазби Лика не присуствуваше
Али Ахмети, Бујар Османи од ДУИ, Зоран Заев и министрите во владата , гости од странство и верските претставници се собраа во дворот на Kлубот на пратениците. Причина – Рамоковниот договор, потпишан на 13 август пред 17 години. Но, овој пат цермонијата за прв пат без главниот функционер на овој ден. Неговото име е Хазби Лика. Пред 17 години брат по оружје на тогашниот командант на ОНА Али Ахмети, а денеска вицепремиер токму за спроведувањето на рамковниот догово. Неофицијално е лут на лидерот на ДУИ Али Ахмети затоа што организацијата по повод годишнатата ја организирал вицепремиерот Бујар Османи, а не како изминатите 16 години – секретаријатот за рамковен којшто сега е во рацете на Лика. Прашан, Османи рече дека не знае зашто Лика го бојкотира одбележувањето.
„Јас знам дека господиниот Хазби Лика на граѓаните денот на рамковниот договро им го честитал со писмо, но зашто денеска не е присутен најдобро е да го прашате него, или да се обратите до секретаријатот“, рече Османи.
И, го побаравме, но не го прашавме затоа што не одговара на телефонските повиците. Сепак, Лика и Османи често ги гледавме во медиумите еден до друг во честите средби околу преговорите за Европската унија, а исто така чести беа и гласините дека Лика и Ахмети не разговараат. Ахмети кажа дека пред 17 години бил повнимателен и сконцентриран а проблемите ги решавал со дијалог, барем сега така гледа на потпишувањето на рамковниот договор.
„Мојата земја ,нашата земја еден ден ќе биде пример како ние ги решивме проблемите внатре ов републиката, вооружен конфликт го трансформиравме во успешен дијалог со резутлат, потпишување на рамковниот договор“, рече Ахмети.
И денеска и пред 17 години Ахмети не потпишуваше. На договорот потпис ставија петмина политичари, од кој денеска не дојде ниту еден. Тогашниот претседател Борис Трајковски, Имер Имери, претседател на ПДП и Арбен Џафери, претседател на ДПА се починати. Бранко Црвенковски е надвор од Скопје, а тогашниот премиер Љубчо Георгиевски се извинил дека нема да стаса на церемонијата. Со задоцнување стаса и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, а опзицијата имаше свој претставник и на панел дискуцијата овогодишниот формат на одбележување на тема „Патот до ЕУ преку Охрид“. И по 17 години и променети 130 закони за да се имплементира сеуште 1.600 вработени талкаат со решниај за вработување, но без работни задачаи. Валдата нарпави список, но сеуште никој не е заминат во рпедлозжените институции: урпавата за јавни приходи, министерствата.
Павле Беловски