
Одбележан Денот на македонската полиција
На плоштадот, по улиците, на зградите, со униформи или без, илјадници полицајци денот го поминаа во една од најсериозните задачи, да се грижат за безбедноста на папата, но и за редот и сигурноста на граѓаните кои од сите страни дојдоа да ги слушнат неговите пораки. Не можеа да прослават со нивните претпоставени, но признанијата за нивната работа дојдоа од свеченоста во дворот на МВР.
Полицијата, како фундамент на севкупната безбедност во државата, зачекори во период на интензивни и динамични реформи, порача министерот Спасовски според кого полицијата е сервис и партнер на граѓаните.
Меѓу дипломатите, полициските функционери и специјалци кои добија благодарници одекнаа и неколку имиња на обични луге, жители на Ласкарци кои спасуваа животи по сообраќајна несрека на автобусот на Дурмо турс.
Признанија и аплауз имаше и за успешни акции и достигнувања на полицијата, но една од потешките задачи во МВР денеска беше да се зачува да не одлета од ветрот црвениот тепих преку кој требаше да помине министерот за внатрешни.
Елена Ивановска Мукоска