
Од здравје и среќа до гејмерски компјутер и клавир – дел од желбите на Скопјани во новата година
Полн плоштад, музика и последни подготовки за дочек на новата 2020 години. Најрадосни беа децата. Компјутер , музички инструменти , играчки се дел од желбите на најмладите. Дедо Мраз, од кого побараа подароци овој пат на плоштадот дојде со тротинет.
Различни генерации различни желби. Возрасните се надеваат на подобри времиња во Новата година. Посакуваат поспокојна година, здравје и среќа. Повеќете празниците ќе ги поминат во домашна атмосфера.
Скопските кафулиња уште од претпаднето се подготвуваа за дочекот на новата 2020. Угоостителските објекти беа полни уште на дневните забави.
На плоштадот сретнавме и многу туристи од соседните земји , кои дошле во Македонија да ја испратат старата година.
Теодора Цветковска