Од затворот Шутка изнесено лице со Брза помош- нема потврда дека е заболен од Ковид-19

Притвореници од затворот во Шуто Оризари, до Телма испратија информации дека еден притвореник заболен од корона вирусот околу 13 часот бил изнесен од затворот со Брза помош.

Тие се вознемирени и најавија бунт поради вaквата ситуација.

Телма го контактираше директорот на затворот Есад Рахиќ кој потврди дека еден осудено лице кое само се пријавило денеска во затворот, а носело маска и ракавици но, откако се утврдило дека имал температура бил однесен  во болница но нема никаква потврда дека станува за Ковид 19.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ