
Од вечерва почнува полициски час
Од вечерва во 21 часот до 6 часот наутро почнува полицискиот час, една од мерката на Владата во борбата да се спречи ширењето на корона вирусот, од кој во нашата земја се заболени 85 луѓе.
Се забранува движење на населението во периодот од 21 до 06 часот секој ден! Нема компромис кога е здравјето на граѓаните во прашање, мерките мораме сите да ги почитуваме, само така ќе си ги спасиме народот и државата, напиша преиерот Спасовски на фејсбук.
Владата на синоќешната 25 седница донесе Уредба со законска сила и за прекин на сите дејствија за спроведување на изборите и за сите прашања поврзани со изборниот процес.
Владата им препорача на деловните банки порано да обезбедат исплата на пензии односно од 28-ми март.
На АРМ и се налага да се вклучи во обезбедување и надзор на граничната линија на државната граница со цел спречување на влез и излез на сите лица кои имаат намера да извршат нелегален премин, да врши контрола на влез и излез на патните правци кои водат кон населените места преку воспоставување мобилни пунктови и контролни точки во реоните за ангажирање, како и да врши физичко обезбедување на витални објекти кои се обезбедувани од Министерството за внатрешни работи.