Од утре во Граѓански суд продолжуваат итните предмети

Од утре во Ѓраѓански суд продолжуваат закажаните судења за предметите од итна природа, времени мерки, предмети по кои постапката е во фаза на носење одлука, прием на поднесоци и  други работи врзани со законски преклузивни рокови и др предмети.

-“Основниот граѓански суд Скопје, Ве известува дека од утре (19.05.2020 година), сите закажани судења согласно Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, ќе се одржат.

Одлуката за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19, донесена од страна на Судски Совет на Република Северна Македонија е објавена на веб страната на судот.

http://www.sud.mk/wps/wcm/connect/osskopje2/c8f2fbe2-5685-46a3-b709-4a03b423b92b/%D0%9E%D0%94%D0%9B%D0%A3%D0%9A%D0%90+%D0%B7%D0%B0+%D0%BF%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BF%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5+%D0%BD%D0%B0+%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%82%D0%B5+%D0%B2%D0%BE+%D0%A0%D0%A1%D0%9C+%D0%B2%D0%BE+%D1%83%D1%81%D0%BB%D0%BE%D0%B2%D0%B8+%D0%BD%D0%B0+%D0%B7%D0%B3%D0%BE%D0%BB%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0+%D0%BE%D0%BF%D0%B0%D1%81%D0%BD%D0%BE%D1%81%D1%82+%D0%BE%D0%B4+%D0%B2%D0%B8%D1%80%D1%83%D1%81%D0%BE%D1%82+%D0%9A%D0%9E%D0%92%D0%98%D0%94-19.pdf?MOD=AJPERES&CVID=n3Evjk1&CVID=n3Evjk1&CVID=n3Evjk1

Странките и другите учесници во постапката се должни да ги превземат сите мерки на претпазливост и заштита, согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи, во спротивно на истите нема да им се дозволи влез во судската зграда”, стои во соопштението на скопскиот граѓански суд.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ