Од утре се укинуваат квотите за лекови и се воспоставува електронски систем

Од утре па натаму цел месец ќе има лекови на рецепт во аптеките, се пофалија властите од владината говорница. Од први октомври ги укинуваат квотите во аптеките. Пациентите ќе можат да ја подигнат терапијата само со личен документ. Лекови на рецепт во аптеките кои имаат направено договор со Фондот ќе има и за пациентите коишто имаат личен документ со истечена важност.

Токму тоа што друго лице може да земе лекови за некого е причина надлежните да регистрираат кој од луѓет колку терапија земал и да се обидат да спречат некој тоа да го злоупотреби.

Властите летоска пробно воведоа неограничени квоти за лекови во пет градови коишто се туристички места во земјава. За министерот Филипче тој пилот-проект се покажал како многу успешен.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ