
Од Царина не знаат од што боледува придружникот на Груевски од сликата
Лекарска комисија ќе оценува дали Александар Трајковски е болен или го злоупотребил здравствениот систем за да замине во Будимпешта. Матичниот лекар му отворил боледување на 5- ти декември, а тој по нецела недела излегол од државата. Откако унгарски фотограф го улови во друштво на азилантот Груевски на улица во Будимпешта сега на Трајковски му виси работното место. Од Царинската управа го чекаат мислењето од лекарската комисија иако никој во Царина не знаее дали и од што боледува Трајковски.
- Трајковски на 5-ти декември отворил боледување, но не ги да известил службите за дијагнозата ниту,пак, колку долго ќе биде отсустен. Ќе го почекаме па ќе одлучиме дали е прекршен законот, соопштија од Царинска управа.
Додека се чека лекарското мислење за Трајковски, обвинителството најави дека ќе го распрашува за евентуална поврзаност со бегството. Премиерот Заев молчи и одбива да коментира за испливувањето на Груевски во јавнота, а, лидерот на неговата матична партија Христијан Мицковски со став да престанеме да да се заниамваме со него.
Груевски синоќа вечераше со две лица во ресторан иако прашан не одговори. Си замина со полна гас.
Унгарските медиуми сеуште итражуваат со кои луѓе се сретна Груевски. Но, уште повеќе прашања отвори превозот на Груевски, возилото и возачот. И новите сигнали од бегалецот од правдата не допираат до македонската полиција. Оттаму , велат дека се е во раце на обвинителството. Официјално Груевски е слободен со азил и престој во Унгарија додека унагрската парламентрана опзиција се обидува да го оспори неговиот азил, а македоснкото минситерство за правда очекува добра волја, и екстрадиција на Груевски од властите, заради одлежување на двегодишната затворска казна во случајот на СЈО за набавката на луксузниот блиндиран мерцедес во МВР.
Павле Беловски