Од стартот на забраната за движење СВР Тетово регистрирало 77 прекршувања

Вкупно 77 лица не ја почитувале забраната за движење во Тетово и тетовско од како беше воведена оваа мерка, соопшти СВР Тетово. Од таму информираат дека до Основното јавно обвинителство до сега се поднесени 33 кривични пријави и две известувања. На територијата на СВР Тетово бројката на лица со решенија за изолација е 147 лица, додека бројот на лица со изјави за самоизолација е 670 лица. Во изминатиот период констатирани се четири прекршувања на изјавите за самоизолација при што поднесени се исто толкав број кривични пријави согласно член 206 од Кривичниот законик.

Во изминатиот период на територијата на СВР Тетово, направени се вкупно 510 контроли на работата на угостителските објекти, при што утврдено е дека 11 од нив не ја почитуваат одлуката на Владата и за истите изготвени се соодветни поднесоци до Основното јавно обвинителство.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ