
Од сопственичка на мал приватен бизнис, до социјален случај
Без доволно храна, пари за лекови живее семејството Јовановски од Тетово.
Веќе неколку години тоа минува низ тешок период откако 45 годишната Елизабета Јовановска се разболела од карцином.
Таа е невработена како нејзиниот и сопруг кој исто се соочува со здравствени проблеми.
Двајцата со нивниот син едвај крпат крај со крај. Засега помош добиваат од хуманите луѓе, кои вчера им ја платија струјата која неколку месеци им беше исклучена.
Елизабета пред неколку години имала своја фирма, но нејзината болест го довела ова семејство во безизлезна ситуација.
Нејзиниот сопруг сe обидува да ги набави лековите со парите што ќе ги заработи со привремена работа во Германија, но тоа не е доволно.
Таа сега се лечи приватно со алтернативна медицина, бидејќи нема здравствено осигурување а третманите и се прескапи.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска како ова така сите семејства кои се соочуваат со социјални тешкотии ги повика да се обратат до Центрите за социјални работи каде законски ќе им се доделат гарантирани права што е основен чекор за ослободување од здравствена партиципација.
Елизабета апелира за било помош било каква помош, храна, лекови и парични средства за чија уплата има отворено жиро сметка.
Зоран Димовски