Од Широк-сокак на Тумбе-кафе, корона-кризата ја пресели битолската градска шема на нова локација

Затворените кафулиња го испразнија битолски Широк Сокак.  Дел од нив нудат услуги преку шалтер, па ритуалот на пиење кафе од најпознатата битолска улица се пресели  во  Градското шеталиште  под Тумбе Кафе. Топлото време битолчани го искористија за прошетка и рекреција,  па и паркот денеска беше преполн. Младите велат  дека им недостигаат кафулињата, но и во ова дружење и пиење кафе нашле своја убавина. Маски не носат.

  • Овде има природа, зеленило, дрвја. Нормално дека е послоатко пиењето кафе, во секој случај, велат младите.

Во овој метеж, не само што ретко кој носи заштитна маска, туку    граѓаните не внимаваат ниту на физичката дистанца. Битолачни изгледаат опшутено, иако епидемијата се уште е во ек.

  • Носат каде што мора да ги  стават, некои можеби носат во рака. Остаревме сега, тоа е. Еве со пријателот сме и седиме малку подалеку, велат битолчани

Малкумина се грижат за своето здравје, па велат дека ваквото однесување е одраз и на менталитетот.

  • Повеќето одат без маски, но секој за себе, јас не се откажувам. Денеска се без маски, најдоа полабаво, но повеќето се млади. Таков ни е менталитетот, велат  граѓаните.

При обиколката на битолскиот градски парк полиција не сретнавме, а нема ниту информација од СВР Битола дали се изречени казни за неносење заштитни маски или групирање на граѓаните.

 

Емилија Мисирлијевски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ