Од охридската болница тврдат дека нема лекарска грешка во случајот со смртта на родилката, а ДСЗИ веќе врши вонредни проверки

Нема лекарска грешка – тврдат од охридската болница кадешто пред речиси две недели со царски рез се породи младата охриѓанка којашто почина пред три дена на скопските клиники. Откако родила здраво бебе на родилката и се слошило по што била задржана на лекување во истата болница. Немало подобрување и состојбата и се влошувала, па затоа таа била пренесена во Скопје.

Во тек на престојот во нашата болница, земен е брис од рана од родилката и истиот е стерилен покажа резултат добиен од Центар за јавно здравје Охрид. Исклучена е гинеколошка компликација.“ соопштија од ЈЗУ Општа болница Охрид.

Вчера од Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје кажаа дека пациентката веднаш откако била испратена кај нив – тие ја сместиле во шок соба на интензивна нега, а докторите утврдиле дека причината за влошената состојба е сепса.

Овој смртен случај им отвори работа и на здравствените инспектори. Тие денес затропале на вратата на сите институции кадешто од 11-ти до 21 јуни се лекувала пациентката.

„ДСЗИ ќе направи вонреден инспекциски надзор во сите четири институции – од матичниот гинеколог, до Градската општа болница во Охрид, Гинекологија и акушерство во Скопје и КАРИЛ.“ кажаа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Инспекторите ќе ги проверат податоците коишто ги евидентирале докторите за состојбата на родилката, а ќе видат и во какви условите била оперирана. Потоа ќе кажат што покажала проверката.

Бебето на родилката е во добра и стабилна состојба, а денес неговото семејство ќе го земе од болница.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ