Од невработена до негувателка, тежок е патот на Ромите до вработување

Елвира Спасоли е негователка на стари лица. Долго време била несигурна да бара работа, но се охрабрила со помош на други жени ромки кои веќе имале позитивно искуство со вработување.

Сега секој ден од 8 до 16 часот чува и се грижи за старицата која ја негува.

Спасоли е ангажирана преку невладината хера во проектот нега плус кој вработува повеќе ромки за нега на стари луѓе.

Но од таму велат дека освен поддршка од заедницата разбирање и трпение за овие луѓе треба да имаат и работодавачите.

311 650 невработени Роми  се регистрирани во агенцијата за вработување. Оваа табела покажува дека најголем е бројот на Роми кои се или без образование или со основно. Голем е бројот и на оние кои се со недовршено средно. Има и со средно а најмал е бројот на оние со вишо или високо образование. Магистри и доктори на науки нема. Агенцијата за вработување има постојат посебни програми за ранливите категории како што се помош при самовработување, субвенционирање на плати, обуки и практична работа. Но апликантите треба да се активни баратели на работа што значи секој месец да се пријавуваат во агенцијата, во спротивно го губат правото за пријавување во следната година.

Работата не е тешка, тешко е да се охрабриш вели Елвира.

Но не сите луѓе од ромската заедница ја имаат среќата на Спасоли. Дискриминацијата од една страна и образованието и едукацијата и понатаму остануваат најгорливите проблеми во кои се убедени и невладините и државата.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ