Од март ќе профункционира новото крило на Струмичката ошта болница

Новото крило  на струмичката општа болница ќе почне да се опремува следната недела, а до март се очекува да почнат со работа операционите сали и одделенијата.

Директорот Наќе Гогов вели дека во тек се завршни активности и на пролет ќе се работи во новиот крак.

Полека се екипира и стручниот персонал на болницата, особено специјалистите. Измината година се вработени нови 20 лекари со што
уравата на болницата смета дека ќе почне да се решава горливиот
проблем со недостаток на специјалисти.

Новиот крак на болницата почна да се гради пред триесети и четири години. Потребата од нова болница се засилува последните години,
откако Струмица се повеќе се издвојува како регионален болнички центар кон кој гравитираат пациенти од Берово, Радовиш и Валандово.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ