Од три града во Германија, но и од Малта и од Загреб со чартер летови ќе се враќаат македонски граѓани во земјава

Со чартер летови ќе се враќаат во земјава 377 македонски граѓани од Берлин, 355 од Бон, Минхен – 183, како и 148 од Малта и 226 од Загреб, соопшти денеска Владата. Листата за бројот на граѓани ја доставило МНР по претходен контакт со граѓаните кои побарале помош. Крајниот рок за организарање на летовите треба да биде до петок, 27 март, до 12:00 часот.

Од владата информираат и дека лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата во рок од 15 дена.Тие ќе мора да пополнат и Изјава дека се согласни по пристигнување Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена.

Лицата кои со хуманитарните чартер летовите ќе се вратат во земјава ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз, и префрлени до местата определени за државен карантин.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ