Од катастарот на Халкидики, Чавков барал докази дека нема вила во која би бегал

Со документи извадени од катастарот на Халкидики ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, се обидува да докаже дека службената белешка од МВР е лажна.

Поради тоа што во неа пишуваше дека сака да бега во Грција му беше одреден приторот. Тој негира дека има вила таму и бара да биде пуштен до правосилноста на 18 годишната затворска казна.

И останатите притворени Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, Никола Митревски-Кољо и Абдулфета Алими од Апелациониот суд побараа да им биде укинат притворот. Се чудат како може понискиот суд да им одреди притвор кога апелација веќе им ги прифати гаранциите дека нема да бегаат. Сите се осудени за настаните од крвавиот четврток.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ