Од јануари сметките за вода ќе поскапат за 20 до максимум 30 денари

Повисоки сметки за вода во поштенското сандаче ќе добиваат жителите на речиси сите општини во Македонија. Од Регулаторна соопштуваат дека поскапувањето на водата ќе биде од 20 до максимум 30 денари.

Комисијата предложи до каде да се движат цените, останува уште комуналните претпријатија и општините да потврдат.

„Во најголем дел од општините имаме минимални покачувања и сметаме дека тие воопшто нема да влијаат на стандардот на граѓаните, бидејќи станува збор за зголемување на месечните трошоци за 20 или 30 денари – тие пари граѓаните нема да ги направат ниту побогати ниту посиромашни, но голема работа ќе им завршат на водоводните претпријатија.

Да не се доведеме во ситуација граѓаните да купуваат вода од продавница за 20-30 денари, Регулаторната комисија за енергетика дозволува поскапување кое на месечно ниво би значело зголемување на трошоците од 20-30 денари,“ рече Марко Бислимоски, Претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Претседателот на Регулаторна комисија, Марко Бислимоски, објасни дека поскапувањето на водата е дел од реформите. Новитет е тоа што во сметките за водата за пиење повеќе нема да биде пресметан трошокот за водоснабдување на пречистителните станици во местата каде што ги има. Тоа го барале инвеститорите во земјата.

Поскапувањето на водата ќе важи за жителите на повеќето општини низ државата. Но, на некои места, цените нема да се менуваат. Такви се Росоман, Центар Жупа и Градско. Таму и според новиот тарифник, цените ќе останат исти со постоечките.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ