
Од гаќи ќе ве истресам – Русковска против апелационите судии кои одредија куќен притвор за Јанева
СМС порака од обвинителката Вилма Русковска до аплеациониот судија Јани Нича, но и нејзината изјава дека ќе отвори финансиска истрага за судиите ја скара обвинителката со судиите кои и одредија домашен притвор на Катица Јанева. Лута поради одлуката за укинување на затворскиот притвор Русковска испртила порака и до судијата, а денеска апелација ја објави во соопштение.
- Ако ти со советот сте ја пуштиле Катица, да знаеш дека од гаќи ќе ве истресам цел совет со финансиска истрага. Заради судии како Вас, никогаш нема во ЕУ да влеземе. Ако не е твојот совет, се извинувам. Ама ако сте вие, ќе видите, му пишала Русковска на судијата Јани Нича.
Судиите Јани Нича, Сафет Кадрии и Зоран Димитриевски се тројцата судии од Апелација кои вчера попладнето одредија домашен притвор за Јанева. Денеска свикаа итен колегиум на кој повикаа и преставници од Судскиот совет. Ниту Кадрии ниту од судскиот совет не сакаа да го коментираат однесувањето на јанева.
И Апелација и советот испратија соопштение, однесувањето на Русковска е недолично, и закана за судиите, велат во соопштението.
- Ваквото постапување на јавен обвинител претставува преседан во правосудниот систем со кое директно се нарушува угледот на судот. Токму ваквото недолично однесување на јавен обвинител кој раководи со Обвинителството за организиран криминал и корупција, истовремено, претставува директно влијание врз текот на водењето на судските постапки и грубо го нарушува принципот на независноста на судството, како многу важен сегмент на владеењето на правото, а токму тоа може да биде пречка за пристапување на нашата држава во ЕУ, на кое нешто се повикува обвинителката, реагираат од Апелација.
За обвинителството, изјавата и пораката на Русковска не се мешање во судската власт туку само израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и поднесено обвинение, очекува судска разрешница. За адвокатката на Јанева пак ова, во најмала рака, е притисок врз судство.
Инаку првично, Јанева бараше да се брани од слобода и з тоа нудеше гаранција од три станови. Судот ваквото барање го отфрли. Домашниот притвор го одреди исто така по нејзино барање, но без гаранцијата. Случајот Рекет треба да започне на 3 декември, а во него освен Јанева обвинети се и Бојан Јовановски и Зоран Кичеец.
Билјана Николовска