Од дигиталниот самит најавено намалување на цените на роамингот за регионот

Западниот Балкан не смее да ја испушти можноста да се поврзе дигитално, а регионот, побрзо ќе дигитално се интегрират во ЕУ, отколку политички е генералната порака од Дигиталниот самит на Западниот Балкан кој се одржа денеска во Скопје. На него беше најавено дека во мај на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија се очекува да биде објавено намалување на цените на роаминогт кон регионот. Најавата стигна од еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел, која рече дека Унијата има намера да ги намалиме цените во следните месеци.

„Ја поздравувам волјата на мобилните оператори во регионот да се вклучат во конструктивен дијалог за истражување на сите начини за намалување на цените на роамингот кои се високи не само во регинот на Западен Балкан туку и во самата ЕУ“, Марија Габриел, еврокомесарката за дигитална економија и општество.

Поддршка за намалување на роамингот стигна и од македонскиот премиер кој рече дека македонската влада е подготвена да партиципира во намалување на загубите на мобилните оператори доколку ги намалат цените на роамингот.

„Заедно со министерот за финансии, веќе предвидуваме нови средства постојано давајќи поддршка за дигиталната агенда во Македонија и верувам дека како ќе имаме сè поголеми успеси ќе бидеме повеќе охрабрени да алоцираме во буџетот поголеми средства од досега предвидените“, изјави Зоран Заев.

На самитот беше соопштено дека и Албанија и Косово се приклучуваат кон регионалната иницијатива на другите четирите држави од Западен Баалкан  за намалување на цените на роамингот. Министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски посочи дека иницијативата е прифатена и поддржана од страна на Европската комисија.

„Очекувам цените на роамингот во регионот и со земјите од ЕУ драстично да се намалат и меѓусебно да си ги признаеме дигиталните сертификати. Очекувам да договроиме заеднички настап за подобрување на пристапот до широкопојасен интернет, очекувам Западен Балкан да стане следната ИКТ дестинација во светот“, изјави Дамјан Манчевски, мнистер за информатичко општетсво и администрација.

На Самитот во Скопје за првпат офицвијално во Македонија допатува косовскиот премиер, Рамуш Харадинај. Неговата псоета на Скопје предизвика големо внимание со оглед дека Србија по него преку Интерпол има распишано меѓународна потерница за воени злосторства за време на војната во Косово. Србија потерница по Харадинај ја има распишано во 2004 година. Од македонското МВР информираат дека на Интерпол нема потерницата по Харадинај. Потерницата по Харадинај Интерпол уште минатата година ја направи невидлива за нејзните земји-членки, на што Србија вложи жалба.

Харадинај на самитот не беше достапен за изјави за медиумите, освен официјалното учество на премиерскиот панел и потоа билатерлната средба со Заев. По средбата беше лиферувано соопштение од македонската влада во кое се наведува дека двјацата премиери разговарале за извештаите на Европската комиаиј  за напредокот на земјите за кои констатирале дека тие се реални и охрабрувачки.

Првиот дигитален самит на Западниот Балкан е во рамки на Берлинскиот процес, поддржан од Европската комисија. На слендиот домаќин ќе биде Србија.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ