Од денеска задолжително носење маски

Од денеска е задолжитено носење на заштитни маски и покривање на носот и устата. Лична заштитна опрема за носот и устата може да биде: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба и памучна марама или шал. Задолжително е носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори како што се средства за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори каде што нема можноста за одржување на дистанца од два метри помеѓу граѓаните како што се пазари,отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично.
Носењето на заштитна опрема за покривање на носот и устата не е задолжително при престој во домот, во сопствен двор или тераса, при спортување, возење велосипед или прошетка на отворен ростор со одржување дистанца поголема од два метри.
Надлежните апелираат до граѓаните целосно и без искулчок да ја почитуваат мерката за носење на заштитна опрема за покривање на носот и устата, задолжително често и темелно да ги мијат рацете со сапун и вода или средства за дезинфекција и да одржуваат физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ