Од 27 опожарени во Штип, 12 биле намерно запалени

Пироманите на возилата во штипскиот регион се уште не се откриени. Лани од 27 опожарени, кај 12 беше утврдено дека се намерно запалени, а годинава за четири месеци низ штипските улици гореа вкупно пет автомобили. Пред два дена на улицата Сутјеска, потпалено беше БМВ, карактеристично за овој случај е што на истиот сопственик  ова му е веќе четврто возило во пламен. Непознатиот сторител или сторители досега возилата ги потпалуваа во раните утрински часови, и во овој случај времето е по пет часот наутро.  Од полицијата велат дека работат и на овој, но и на останатите случаи.

Истрагата е во тек. Се чекаат вештачења за да се утврди  прецизно во кој случаи има намерно палење на возилата. Работиме на случаите, но дури кога целосно ќе заврши постапката околу обработување на доказите и ќе ја заокружиме истрагата  ќе можеме да излеземе со конкретни податоци“, велат од СВР Штип

Нема информации дали палењето на возилата е дело на еден или на група потпалувачи. Кон крајот на јануари техничкиот министер за внатрешни работи при посетата на штипскиот Сектор за внатрешни работи откри дека се сомневаат оти пожарите се дел од пресметка на криминални структури поврзани со пазарот за нарктоци. Но, од оваа истрага се уште нема информации за јавноста. Лани во октомври беше најголемиот рекорд, беа регистрирани 10 запалени возила, од кои пет изгореа целосно, бидејќи во нив беа фрлени молотови коктели. Досега поднесе една кривична пријава, но и таа официјално е  без разрешница и  не е поврзан со скриените пораки на криминалните банди.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ